Интер ја подготви својата прва понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал.
Нероаѕурите со нетрпение го чекаат почетокот на зимскиот преоден рок да се засилат за продолжение на сезоната, а Антонио Конте на мета има неколку имиња.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Видал е еден од нив и според пишувањата на италијанските медиуми Интер за него ќе понуди 12 милиони евра.
Чилеанецот оваа сезона има одиграно 19 натпревари за каталонскиот тим и постигна пет гола, но во повеќето натпревари тој влезе во игра од клупата и не е задоволен од неговата досегашна позиција во тимот.
Ова беше потврдено минатата недела кога во пресрет на Ел Класико шпанските медиуми објавија дека Видал го напуштил тренингот на Барселона кога дознал дека нема да биде стартер на тој натпревар.
Конте сака да го види Видал во својот тим, но Барселона сепак инсистира на цена од 25 милиони евра, па се чини дека понудата на Интер од 12 милиони евра е само увертира за приближување на двата клуба во преговорите.
A Inter ofereceu 12 milhões de euros ao Barcelona por Arturo Vidal. No entanto os italianos sabem que esse valor não é suficiente para convencer o Barcelona a vender o meia. Mediante a isso eles devem fazer uma oferta acima dos 25 milhões de euros. pic.twitter.com/tT37lgcTF0
— República Blaugrana (@BlaugranaRB) December 24, 2019