Раководството на Интер засилено рабори на засилување на тимот за следната сезона, иако актуелната се уште не е завршена.
„Нероаѕурите“ веќе договорија три засилувања за следната сезона, Де Вриј, Асамоа и Лаутаро Мартинез, а италијанските медиуми пренесуваат дека на пат е и четвртото засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно веќе е постигнат договор со Аталанта за трансфер на Јосип Иличиќ за кого Интер ќе му отстапи двајца младинци на тимот од Бергамо.
Договорот е веќе постигнат, Иличиќ се очекува следната недела да пристигне во Милано на медицински прегледи, а потоа и да стави потпис на договорот.
Словенецот има големо искуство во Серија А каде уште настапуваше за Палермо и Фиорентина, а во тимот на Спалети ќе биде алтернатива за Кандрева и Перишиќ.
Ilicic-Inter: accordo trovato, settimana prossima le visite mediche https://t.co/UuC7e3a54v pic.twitter.com/XKL1l19zdT
— Calciomercatot8.com (@cmt8news) May 16, 2018