Раководството на Интер прави се што е можно за да го задржи во своите редови славачкиот дефанзивец, Милан Шкриниар.
Шкриниар минатото лето пристигна во Интер од Сампдорија и со своите партии на „Џузепе Меаца“ се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Агентот на словачкиот репрезентативец неодамна откри дека неколку европски гиганти се силно заинтересирани за неговиот потпис и дека во јануари пристигнала понуда од 65 милиони евра.
„Нероаѕурите“ веднаш ја одбија понудата, но тешко дека ќе можат да ги издржат налетите на богатите клубови во летниот преоден рок.
„Во зимскиот преоден рок не ни помислував да го напуштам Интер, сепак на лето се може да се промени“, изјави Шкриниар.
За него силен интерес покажуваат клубовите од Манчестер, ПСЖ, Бараселона и Реал Мадрид.