Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми.
Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Бастони, бидејќи верува дека Италијанецот ќе биде идеален партнер за Упамекано следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Конте.
Станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините, па Интер не сака да слушне за негова продажба и веќе спремил нов договор.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Бастони наскоро ќе стави потпис на нов долгорочен договор со значително зголемување на платата.