Дома Трансфер зона Интер конечно го доведува посакуваниот лев бек!

Интер конечно го доведува посакуваниот лев бек!

Интер ова лето доведе две засилувања, Милан Шкриниар од Сампдорија и Борха Валеро од Фиорентина, а италијанските медиуми пренесуваат дека на прагот е третото засилување за „нероаѕурите“.

Имено, еден од приоритетите на миланскиот гигант е доведување на лев бек, а прва мета е играчот на Ница, Долберт Енрике.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 23-годишен Бразилец имаше одлична сезона во францускиот клуб и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најконкретен е интересот на Интер.

Долберт веќе има постигнато договор со „нероаѕурите“ и инисистира да се пресели во Милано, а медиумите пренесуваат дека и двата клуба се блиску до договор.

Имено, Интер испратил понуда од 15 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, понуда која најверојатно ќе ја прифати францускиот клуб.

„Нероаѕирите“ сакаат што е можно побрзо да го комплетираат трансферот за да може играчот да отпатува со остатокот од тимот на турнеја во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…