Италијанските гиганти Интер и Јувентус сакаат да ја „украдат“ ѕвездата на Милан, Франк Кеси, пренесува „Газета дело Спорт“.
Преговорите помеѓу Милан и Франк Кеси за продолжување на соработката се во застој, па најверојатно ќе замине на лето како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Големите ривали сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Кеси одби понуда од 7 милиони евра од Милан и бара 9 милиони евра по сезона, па прашање е дали друг клуб во Италија може да му ја понуди таа сума.
Интерес за Кеси покажуваат уште Барселона, Ливерпул и ПСЖ, па во следните месеци следува голема битка за неговиот потпис.