Тренерот на Интер, Антонио Конте е силно заинтересиран во своите редови да го донесе играчот на Челзи и шпански репрезентативец Маркос Алонсо.
„Нероаѕурите“ уште во јануари беа заинтересирани за Шпанецот и внимателно ја следат неговата ситуација во Челзи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Левиот бек блескаше под водство на Италијанецот во Челзи и е идеален за неговиот стил на игра 3-5-2, па поради тоа Интер ќе се обиде да му ја исполни желбата.
Оваа сезона Алонсо не е прв избор кај Лампард, па наводно „сините“ се спремни да го пуштат, но за неговата слобода бараат 30 милиони евра.
За Шпанецот интерес покажува и Јувентус, па двата клуба ова лето ќе се бора за неговиот потпис.