Раководството на Интер е силно заинтересирано во своите редови да го види играчот за врска на Тотенхем и белгиски репрезентативец, Муса Дембеле.
„Нероаѕурите“ веќе оствариле контакт со Тотенхем, а англиските медиуми тврдат дека италијанскиот клуб е спремен во зделката да го вклучи Иван Перишиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Спарси“ покажуваат сериозен интерес за хрватскиот репрезентативец, кој повеќе не е „недопирлив“ за Интер, па сака да го искористи како дел од трансферот на Дембеле.
Белгиецот има само уште една година договор со Тотенхем, па неговата цена во моментовизнесува околу 15 милиони евра, додека Перишиќ се проценува на 45 милиони евра. Двата клуба веќе почнаа преговори за трампа со што „нероаѕурите“ ќе добијат додатни 25-30 милиони евра.
Дембеле е најголемата желба на Лучијано Спалети кој за следната сезона сака во тимот да има фудбалери со меѓународно искуство.