Иван Перишиќ повторно се наоѓа на радарот на Жозе Мурињо. Тренерот на Манчестер Јунајтед сака во следниот преоден рок да го донесе хрватскиот офанзивец, јавува Качомеркато.
Изминатото лето Интер одби 33 милиони евра од англискиот клуб. Тогашниот предводник на Интер, Лучиано Спалети одби да го продаде Перишиќ, но Калчомеркато јавува дека сега би можел да ја промени одлуката и да не се противи да го продадат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Би можело да дојде дури и до голема размена, со оглед на тоа дека Интер сака еден играч кој е во редовите на Жозе Мурињо. Во миланскиот клуб би сакале да го доведат Антони Марсијал, а најлесен начин за тоа гледаат во размената во која во Манчестер би заминал Перишиќ.
Оваа сезона Перишиќ постигна 11 погодоци покрај 10 асистенции.