Дома Трансфер зона Интер испрати понуда за Лукаку: Хрватот плус 30 милиони евра!

Интер испрати понуда за Лукаку: Хрватот плус 30 милиони евра!

Екипата на Интер испратила официјална понуда до Манчестер Јунајтед за Ромелу Лукаку.

Како што тврди познатиот италијански новинар, Танкреди Палмери, Јунајтед од Интер добил официјална понуда за Белгијанецот, а таа е многу интересна. Така, управата на тимот од „Џузепе Меаца“ одлучила на „Црвените ѓаволи“ да им понуди 30 милиони евра и хрватскиот репрезентативец, Иван Перишиќ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вкупната вредност на трансферот е околу 65 милиони евра, а сега се очекува одговор на екипата од „Олд Трафорд“, кој многу лесно би можел да биде позитивен. Јунајтед во претходните сезони константно беше поврзуван со Перишиќ. Трансферот меѓутоа не успеа да се реализира, но Хрватот конечно би можел да заврши во Манчестер.

Лукаку е една од главните желби на новиот тренер на Интер, Антонио Конте, кој во следните денови ќе ја превземе функцијата од Лучијано Спалети. Белгискиот напаѓач изминатите две сезони ги помина на „Олд Трафорд“. Меѓутоа, не се прослави и целосно исчезна во Јунајтед.

Вистина, неговиот напаѓачки учинот и не е толку лош. Тој одигра вкупно 96 натпревари и постигна 42 гола. Претходно Лукаку играше за Евертон, ВБА, Челзи и Андерлехт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…