Дома Трансфер зона Интер испратил понуда за Алвес, но Бразилецот има други планови

Интер испратил понуда за Алвес, но Бразилецот има други планови

Дани Алвес е без клуб откако неодамна му истече договорот со Пари Сен Жермен.

Бразилецот како слободен играч пристигна во ПСЖ во 2017 година и освои неколку трофеи со овој клуб, но сега одлучи да направи промена во кариерата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Алвес наводно се понудил на Барселона бидејќи имал желба повторно да го облече дресот на клубот кој го носеше осум години, но во каталонскиот клуб не се премногу заинтересирани да го доведат 36 годишниот Алвес.

Затоа Антонио Конте би сакал да го види во својот тим, а италијанските медиум пренесуваат дека Интер на Бразилецот му понудил договор на две години и плата која би ги задоволила неговите апетите.

Сепак, Алвес има желба да се врати во Барселона и не сака да брза со одлуката која би требало да биде позната на 20-ти јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…