Дома Фудбал Италија Интер знае каде ќе ги потроши парите од Икарди

Интер знае каде ќе ги потроши парите од Икарди

Во Интер знаат како ќе ги потрошат парите кои ги добија за Мауро Икарди.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми соопштија дека ПСЖ го откупил договорот на Икарди за 50 милиони евра, а Интер на основа на бонуси може да заработи дополнителни осум милиони евра. Француските медиуми, од друга страна, износот на бонусите го намалуваат на пет милиони евра.

Во Интер парите од трансферот на Икарди сакаат да ги потрошат за играчот на Бреша, Сандро Тонали.

Тонали игра одлично во дресот на Бреша, го нарекуваат новиот Пирло, а наводно Интер е подготвен да понуди 40 милиони евра.

До прекинот на првенството Тонали одигра 23 натпреваи и постигна еден погодок во Серија А, а запиша и 4 асистенции.

За неговите услуги се интересира и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челси му постави два услови на Реал Мадрид за продажба на Енцо Фернандез

Челси имаат поставено два услови до Реал Мадрид за да го потпишат Енцо Фернандез во летнио…