Управата на Интер е сериозна во намерата на „Џузепе Меаца“ да го доведе Дејан Кулушевски, пишуваат италијанските медиуми.
На листата желби на Антонио Конте за јануарскиот преоден рок се најдоа неколку фудбалери, а медиумите во Италија тврдат дека Кулушевски е една од главните мети.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Понудата на Интер наводно изнесува 35 милиони евра. Таа сума и одговара на Аталанта од каде што Кулушевски е на позајмица во Парма, но потребно е и „млекарите“ да дадат согласност.
„Дејан Кулушевски е прва мета на Интер, ако работите не одат како што треба, Интер ќе се насочи кон Артуро Видал“, пишува „Кориере дела Сара“.
Во Парма сигурно нема лесно да се откажат од фудбалерот кој игра одлично и кој имаат право да го задржат до крајот на сезоната.
Кулушевски до сега за Парма настапи на 13 натпревари и постигна три гола, запиша и пет асистенции.