Дома Фудбал Италија Интер е во проблеми: Не знаеме кога стартуваат подготовките и каде ќе бидат – никој ништо не зборува!

Интер е во проблеми: Не знаеме кога стартуваат подготовките и каде ќе бидат – никој ништо не зборува!

Веќе подолго време е познато дека Интер се соочува со голема финансиска криза.

Оваа недела „нероаѕурите“ обезбедија заем од 275 милиони евра, но не е јасно дали таа сума е доволна за да се доведе ситуацијата во нормала. Дека има проблеми во разговор за „Газета дело Спорт“ потврди техничкиот директор на клубот, Габриеле Ориали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Ќе признаам дека сум загрижен, нема програма за новата сезона, нема датум кога започнуваат подготовките, не се знае ниту каде ќе биде кампот, никој ништо не ни кажал“.

Ориали доби прашање за иднината на Конте.

„Прво, сите мораме да дознаеме какви се плановите на сопственикот. Имавме тешка година, не знаете колку непреспиени ноќи сме имале со Конте во Апиано“, изјави Ориали.

Очекувањата се претседателот Стивен Жанг во наредните денови да ги започне преговорите со Конте за новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…