Дома Трансфер зона Интер го продава Брозовиќ, Барселона со најголем интерес

Интер го продава Брозовиќ, Барселона со најголем интерес

Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ, пренсуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.

Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.

Најсилен интерес за Брозовиќ покажува Барселона, која е спремна да му понуди на Интер трампа со Френк Кеси.

Интерес за Хрватот покажува и Њукасл, кој е спремен да понуди 30 милиони евра, опција која на „нероаѕурите“ повеќе им одговара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…