Интер попладнево го потврди трансферот на Тејџон Бујкенан, 24-годишниот фудбалер кој стана првиот Канаѓанец кој ќе игра во Серија А.
Поради повредата на Хуан Квардадо Интер мораше да реагира и да започне потрага по офанзивен десен бек, па така изборот падна на Бујкенан од Клуб Бриж.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двете страни кратко преговараа и брзо пронајдоа заеднички јазик, а Канаѓанецот вчера пристигна во Серија А и ги помина лекарските прегледи.
Бујкенан ќе има плата од седум милиони евра, плус дополнителни три ќе бидат како бонуси. Фудбалерот потпиша соработка до 2028 година и плата од 1.5 милион евра по сезона. Првата шанса да дебитира ќе ја има на 13-ти јануари кога Интер игра против Монца.