Дома Трансфер зона Интер го враќа Дани Алвеш во Италија!?

Интер го враќа Дани Алвеш во Италија!?

Искусниот десен бек Дани Алвеш вчера и официјално потврди дека го напушта Пари Сент Жермен, па веќе започна битката за неговиот потпис.

36-годишниот Бразилец не мисли да стави крај на кариерата и е спремен за нова авантура, а медиумите шпекулираат дека би можел да се врати во Италија.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, Интер е сериозно заинтересиран за Дани Алвеш и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер.

„Нероаѕурите “имаат проблеми со десната страна каде што Дамбросио е стартер, но навивачите разочарани од неговите настапи. Алвес дури и на 36 години би бил сериозно засилување за Интер посебно во системот кој го форсира Антонио Конте.

Минатата сезона Алвеш одигра 32 натпревара за францускиот тим, постигна три гола и забележа осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата. Бројни…