Дома Фудбал Италија Интер без Мауро Икарди против Парма?

Интер без Мауро Икарди против Парма?

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Мауро Икарди натпреварот од четвртото коло во Серија А помеѓу Интер и Парма би можел да го започне од клупата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди беше во стартниот тим на Аргентина во ремито против Колумбија и се уште не допатувал во Италија, неговото пристигнување се очекува утре.

Стартот на Лигата на шампионите е за неколку дена, па Икарди многу веројатно ќе добие одмор за да биде максимално спремен за натпреварот против Тотенхем во најелитното европско натпреварување.

Ако се земе предвид и дека Лаутаро Мартинез има проблеми со повреда, многу веројатно ќе стартува Кеита Балде. Политано, Наинголан и Перишиќ се очекува да биде триото зад Сенегалецот.

Спалети не ќе може да смета и на услугите на Шиме Врсалјко кој се повреди во натпреварот помеѓу Хрватска и Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар во Норчија се подготвува за европскиот предизвик со Купс! (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар утрово во Норчија одработија уште еден тренинг во текот на припремит…