Дома Видео Интересна сцена после финалето: Сари направи детална анализа на медалот

Интересна сцена после финалето: Сари направи детална анализа на медалот

Маурисио Сари го предводеше Челси до насловот во Лига Европа.

Сините во Баку го совладаа градскиот ривал Арсенал со убедливи 4:1 и така стигнаа до трофејот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова е прва значајна титула во тренерската кариера на Маурисио Сари. Италијанецот беше често изложен на критики и константно се споменува негово можно заминување од клубот, но после оваа титула раководството на клубот ќе размисли уште еднаш.

После натпреварот Сари како да беше импресиониран од медалот кој го доби. Тоа го покажува неговото однесување после доделувањето, бидејќи додека екипата славеше тој детално го анализираше медалот.

Очигледно беше задоволството на неговото лице, а откако направи кратка анализа на медалот, се придружи на екипата во славјето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…