Дома Фудбал Интересен податок: Играчите на Барса трчаат помалку од сите во ЛШ

Интересен податок: Играчите на Барса трчаат помалку од сите во ЛШ

Фудбалерите на Барселона истрчале најмало растојание од сите 32 тима во третото коло во Лигата на шампиони, покажа статистиката.

Ова го откри официјалната статистика на УЕФА. Каталонците остварија победа на гостувањето кај Славија Прага (1:2), но им дозволија на домаќините да направат многу шанси во нивниот шеснаесетник и беа критикувани за играта.

Тимот на Барселона на крајот го завршил мечот со истрчани вкупно 100,4 километри.

Лидер во истрчани километри во ова коло е Баер Леверкузен со 121,1 километар, па следуваат Лајпциг (117.5) и Атлетико Мадрид (117,2).

Покрај Барса најмалку истрчале уште фудбалерите на Бриж (102,6) и Наполи со истрчани 103,5 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од протести до врвот: Лацио сонува за приказна како на Лестер

Лацио нема пораз и со 29 бода по 11 кола го живее најдобриот старт во клупската историја. …