Во Наполи работите едноставно не одат како што треба, а доказ за тоа се трите порази во низа.
Последниот пораз Наполи го претрпе на домашен терен од Фиорентина во саботата. Фиорентина славеше победа од 0:2 и го однесе цел плен од Сан Паоло.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Додека во тек беше тв пренесот од споменатиот натпревар на трибините беше снимен кадар од расплакано момче. Тоа расплакано момче набрзо стана симбол на моменталната ситуација во Наполи.
Денес напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње испрати извинување до малото момче
„Здраво Марио, многу ми е жал што плачеше поради резултатот. Можеме да ти ветиме дека ние ќе дададеме се од себе да имаме што подобра сезона за ти повторно да се смееш со нас“ , порача Инсиње.