Дома Топ вести Иниеста: Не знам дали кариерата ќе ја завршам во Барселона

Иниеста: Не знам дали кариерата ќе ја завршам во Барселона

Фудбалерот на Барселона Андрес Иниеста не е сигурен дека кариерата ќе ја заврши во матичниот клуб. Инисета изјавил дека е подготвен и на опцијата во 2018 година да ја напушти Каталонија.

Договорот на Андрес Инисеста со Барселона истекува во јуни 2018 година, кога тој ќе има 34 години, а изјавата дека не е сигурен дали ќе остане доаѓа како одоговор на само 13-те одиграни натпревар во стартната постава оваа сезона на Ла Лига.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Мојот план беше да го одработам договорот до крај, но ќе видиме дали тоа ќе се случи. Постојат разни опции, но не велем дека нема и да потпишам нов договор. Со оглед на тоа каква беше оваа сезона, како се сменија работите, така научив многу работи. Кога ќе дојде времето за разделба јас сигурно нема да му пречам на клубот“, рекол Иниеста.

Одлуката на Иниеста дали ќе остане, веројатно ќе зависи и од тоа каква улога ќе има кај новиот тренер Ернесто Валверде, кој е главниот кандидат да го наследи Луис Енрике.

Андрес Иниеста целата своја кариера, од 1996 година, ја минува на „Ноу Камп“, а со Барселона има освоено 28 треофеи. Со Шпанија има две европски и една светска титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…