Дома Топ вести Иниеста за тешкиот период: Само сакав да падне ноќ и да одморам од се

Иниеста за тешкиот период: Само сакав да падне ноќ и да одморам од се

iniesta

Иако е еден од најголемите мајстори во историјата на фудбалот и тој некогаш се борел со депресијата.

Претставата на обичниот човек за фудбалерите е дека тие имаат се. Пари, супер автомобили, убави жени, слава…Никој не ја гледа другата страна која многумина од славните спортисти ја почуствувале.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Помеѓу нив е и Андрес Иниеста кој иако никогаш не изгледал како таков и тој имал психички проблем.

„Преминуваш во свет на илузија, немаш ништо, не чуствуваш ништо. Само чекав да падне ноќ и да испијам таблета да се одморам од се. Кога патиш од депресија, ти стануваш ранлив и тешко е во таквите моменти да го контролираш животот“, искрен е Иниеста.

Што било причина за таквата депресија тешко е да се открие. Иниеста и не се обидува. Не му било секогаш пријатно. Тој не сака да се сеќава на периодот кога Жозе Мурињо го водеше Реал. Не затоа што беше Реал подобар, туку дека ривалството помеѓу Реал и Барса Португалецот го однесе на едно поинакво ниво.

„Мурињо беше клучен компонент во лошите односи на Барса и Реал. Тоа ги надминува сите граници. Се создаваше проблем во репрезентацијата. Тоа не беше ривалство, ситуацијата преминуваше во омраза. Тешко можеше да се поднесе“, откри шпанскиот ветеран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на Арсенал го обвинија Баерн за „валкана игра“ на полувремето во реваншот

Eкипата на Арсенал вчера доживеа елиминација во Лигата на шампионите откако беше поразена …