Андрес Иниеста (33) на крајот на оваа сезона ја напушта Барселона каде што ја помина целата своја кариера.
Овој викенд на програмата во шпанската Примера е „Ел Класико“, кое голема е веројатноста да помине без еден од најголемите фудбалери во историјата.
Иниеста има проблеми со мускулот. Денес тој не тренираше со остатокот од екипата, веќе работи одвоено и по посебна програма.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Засега неговиот настап против Реал Мадрид е под голем знак прашалник. Големи се шансите да го пропушти натпреварот што секако не е начин на кој сакаше да се прости од големото дерби.
Иначе, ова „Ел Класико“ нема да има преголемо резултатско значење бидејќи Барселона веќе ја обезбеди титулата во Примера, а во Реал сигурно веќе се со мислите во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе играат против Ливерпул.
„Ел Класико“ се игра во недела со почеток во 20:45 часот.