Дома Трансфер зона Иниеста го прокоментира можниот трансфер на Нејмар во Реал

Иниеста го прокоментира можниот трансфер на Нејмар во Реал

Бразилецот Нејмар импресионира во редовите на ПСЖ, но и покрај тоа медиумите често шпекулираат за можноста да ја напушти Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наводно, извесно е враќање во Шпанија, но не во редовите на Барселона, туку во лутиот ривал Реал од Мадрид, кој оваа сезона не е на посакуваното ниво.

ПСЖ и плати на Барса неверојатни 222 милиони евра, но во Франција нема некоја голема мотивација, со оглед на тоа дека неговиот тим скоро веќе ја осигура титулата.

Во Барселона не зборувале за евентуално враќање на Нејмар, а се огласи Иниеста кој моментално настапува во Јапонија.

„Тоа нема да ме повреди. Таквите работи се случуваат. Јасно е дека Реал би се засилил со квалитетен фудбалер како што е Нејмар. Сигурно нема да му биде едноставно да се врати во Барселона, која ја гледам како главен кандидат за сите трофеи.“ – изјави легендарниот фудбалер на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…