Андрес Иниеста денес го носи дресот на Висел Кобе, а сега призна дека би сакал да се врати во Барселона.
37-годишнот Иниеста помина многу години во Барселона, а во 2018 година се одлучи да премине во Висел Кобе. Сега порача дека сака да помогне на Каталонците.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Би сакал да се вратам во Барселона и да помогнам. Сега во клубот се случуваат големи промени, тешко може да се каже како ќе биде во иднина. Барселона е мојот дом, никаде на друго место нема да се чувствувам така како што се чувствувам таму“, изјави Иниста.
Со Барселона Иниеста стана деветкратен шампион на Ла Лига, шест пати го освојуваше Купот, седум пати Суперкупот, четири пати Лигата на шампионите, три пати Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.