Тренерот на Лацио, Симеоне Инзаги изјави дека е невозможно да се надигра Баерн Минхен, но сепак смета дека неговиот тим е способен да приреди изненадување.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Утре Лацио ќе го пречека европскиот шампион во 1/8 финалето од Лигата на шампиони.
„Скоро невозможно е да го надиграш Баерн, но и претхондо сме биле аутсајдери па сме приредиле изненадување. Веќе имаме искуство, игравме многи во Европа и минатата година во ЛЕ стигнавме до четвртфинале. Таквите натпревари како со Баерн се причина за која го сакаме фудбалот“, изјави Инзаги.
„Баерн неодамна стана светски шампион, но на последните два меча не победи во првенството. Сметам дека мечот со Баерн е подарок за овој тим и ќе направиме се за да влеземе со шанси во реваншот“, додаде тренерот на Лацио.