Дома Останати Кошарка Индијана ги запре Лејкерси! (ВИДЕО)

Индијана ги запре Лејкерси! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Тимот на Индијана го нанесе четвртиот пораз на Лејкерси оваа сезона.Индијана ја продолжи серијата победи и стигна до 19.триумф на свој паркет против Лос Анџелес Лејкерси со резултат 105:102. За Лејкерси ова беше само четврти пораз сезонава.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лејкерси водеа во текот на целото прво полувреме, за потоа Индијана да премине во водство на почетокот на третата четвртина.

Ниту тогаш на Пејсерси не им одеше лесно бидејќи гостите успеаа да го свршат резултатот во своја корист кон средината на четвртата четвртина. На крајот сепак собраа сили за нов пресврт и минималната предност ја зачуваа до крајот.

На една минута до крајот беше нерешено, Индијана поведе со поените на Брогдон (104:102). На 11 секунди до крајот Џејмс промаши шут за три поени за во самиот финиш со само едно погодeно слободно фрлање конечниот резултат да го постави Сабонис.

Токму Сабонис беше најефикасен во победничкиот тим со 26 поени и 10 скокови. Мајлс Тарнер додаде 16, а Ти Џеј Ворен 12 поени. Малком Брогдон натпреварот го заврши со 14 поени и шест асистенции.

 На спротивната страна Леброн Џејмс и Двајт Хауард постигнаа по 20 поени. Џејмс додаде уште девет скока и асистенции.

НБА резултати:

Шарлот – Сакраменто 110:102

Индијана – Лејкерси 105:102

Њујорк Никси – Атланта 143:120

Њу Орлеанс – Бруклин 101:108

Јута – Орландо – 109:102

Клиперси – Феникс 120:99

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Позната најголемата желба на Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, …