Во денешниот фудбал сведоци сме како некои млади фудбалери имаат големи апетити и сакаат астрономски плати уште на почетокот од својата кариера, еден од нив е 17 годишниот фудбалер на Интер Себастијан Еспосито.
Интер му понуди на Еспосито договор со годишна плата од 800.000 евра за договор на пет години, меѓутоа Еспосито побарал еден милион евра плус бонуси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во овој момент младиот фудбалер има договор со Интер до 2022 година и добива околу 140.000 евра годишно и навистина чудно е како може да му биде малку скоро осум пати поголема плата.
Интерес за неговите услуги покажа Аталанта и наводно Еспосито е спремен да замине ако Интер не му ја исполни желбата.