Шпанецот Рафаел Бенитез и покрај несогласувањата кои ги имаше со управата на Њукасл сепак ќе остане во овој клуб.
Тренерот на Евертон Роналд Куман е под голем притисок поради лошите резултати се шпекулира дека ја изгубил довербата од сопственикот на клубот, Фарахад Мошири.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наводно, Мошири испратил понуда до Бенитез. Англиските медиуми очекуваа оваа понуда да биде прифатена од страна на Шпанецот поради несогласувањата кои тој ги имаше со управата на Њукасл, но сепак истата била одбиена.
После осум кола Евертон се наоѓа на 16 место на табелата во Премиер лигата и отказот на Куман веројатно е само прашање на време
Да потсетиме, „карамелите“ во преодниот рок потрошија повеќе од 140 милиони фунти.