Дома Фудбал Италија Има ли надеж за Погба?

Има ли надеж за Погба?

Пол Погба повторно поминува низ тежок период, откако полека почна да се враќа и неколку натпревари добиваше по 20-30 минути, а против Севиља беше и асистент, вчера повторно се повреди.

Французинот за првпат доби прилика да започне од првата минута, меѓутоа во 24-тата минута заработи повреда и во солзи го напушти теренот. Оваа повреда значи нова пауза и веројатно крај на сезоната.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во текот на целата сезона во Манчестер, Погба се мачеше со повредите, многумина тогаш сметаа дека „лажира“ повреди за да го напушти клубот, но оваа сезона во Јувентус покажа дека Французинот има сериозни проблеми.

Веднаш по враќањето во Јувентус уште во припремниот период Погба се повреди и првиот официјален натпревар го забележа дури во февруари, а по 35 минути против Торино и Рома следуваше нова повреда поради која паузираше еден месец.

Се врати повторно во мај, одигра три натпревари по 20-30 минути и дојде оваа последна повреда. Погба го напушти теренот во солзи, свесен дека го чека нова пауза. Сезонава на теренот помина 161 минута во десет натпревари и се што може да се надева сега е дека во летните припреми ќе успее максимално да се спреми и да покаже зошто се врати во Јувентус.

Жалење за повредата на Погба истакна и тренерот Алегри.

„Сите сме разочарани. Тажно е затоа што направи толку многу жртви за да се опорави и сега мора повторно да запре“, изјави италијанскиот стратег за „ДАЗН“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …