Претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, Васко Илијевски, во интервју за Фактор ја поздрави уредбата на Владата со која се овозможи он-лајн обложување преку сајтовите на домашните обложувалници, акцентирајќи дека со оваа уредба се спречи, според некои проценки 40 до 50 милиони евра одлив на средства од државата по основ на нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови.
„Со нелегалното он-лајн обложување на странските сајтови, државата нема контрола врз обложувањето, а парите за данокот, наместо во буџетот, се одлеваат надвор од неа. Ова се средства кои се од значаен интерес за домашната економија, одржувањето и отворањето на нови работни места и инвестиции.“ -вели Илијевски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако години наназад, он лајн обложувањето на странските сајтови беше „јавна тајна“ помеѓу играчите, сепак тоа се случуваше. Уредбата, која Владата ја донесе во април оваа година, им овозможува на домашните играчи да се обложуваат он лајн во домашни обложувалници. Со ова на играчите им се гарантира безбедност на нвните уплати и ислпати, а државата има целосен увид.
Министерството за финансии, веќе ги извести странските приредувачи на игри на среќа кои нелегално и без лиценца приредуваа он-лајн обложување дека е забрането учество на граѓаните на Република Северна Македонија кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа. Доколку УЈП утврди прилив на средства од учество во игри на среќа кај странски нелиценцирани приредувачи на игри на среќа, тоа подлежи на парични казни за играчите.
„Оваа уредба на Владата дојде во вистински момент како соодветен одговор на корона кризата и навистина помогна да се зачуваат многу работни места кои директно и индиректно ги одржува индустријата на игри на среќа.“ – вели Илијевски во интервјуто за Фактор и изразува уверување дека земајќи ги во предвид придобивките, сегашната уредба ќе помине во трајно законско решение.