Дома Фудбал Италија Илија Несторовски – омилениот лик на култната Сицилија и еден од новите „калчо романтичари“!

Илија Несторовски – омилениот лик на култната Сицилија и еден од новите „калчо романтичари“!

nestorovski

Во август 2016 година, тогаш најдобриот стрелец на првата лига во Хрватска Илија Несторовски го напушти Интер Запрешиќ и потпиша за Палермо. Нашиот Нестор тогаш на Сицилија пристигна во сенка на поранешниот италијански репрезентативец, Алесандро Дијаманти.

Но, така беше само на почетокот. Нестор за брзо време на навивачите им ги покажа своите голгетерски вештини, а во зимскиот преоден рок беше поврзуван со бројни европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Палермо успеа да го задржи најдобриот стрелец на тимот со 11 постигнати погодоци. За жал „орлите“ испаднаа од Серија А и се преселија во понизок ранг.

Тогаш се очекуваше Несторовски да го напушти Палермо, но во стил на најголемите фудбалски романтирачи, „македонскиот Варди“ остана на „Ренцо Барбера“ за да го врати својот клуб помеѓу најдобрите.

Малку им недостасуваше, но сепак останаа во Серија Б, а во клубот остана и – Несторовски! Денес сосема заслужено тој е капитен на Палермо и вистинска икона помеѓу навивачите, човек кој е помеѓу најомилените на култната Сицилија.

Ова лето повторно голем број европски, но и клубови од Далечниот исток тропнаа на вратата на Палермо да се распрашуваат за Несторовски, но тој и понатаму е член на Палермо! СЕКОЈА ЧЕСТ!

Без никакви дилеми, нашиот Илија Несторовски е вистински поборник на новата генерација „калчо-романтичари“!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За Англичаните Пикси е најлошиот селектор на ЕП

Според англискиот магазин и портал „FourFourTwo“ селекторот на српската репрезентација – Д…