Maкедонскиот репрезентативец Илија Несторовски на последниот натпревар за Палермо постигна гол после само три минути на теренот, но тој не беше доволен за победа на неговиот тим.
Палермо прими гол од Бреша во финишот од средбата и остана без трите бода.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Водечкиот погодок за Палермо беше дело на Илија Несторовски во 79-тата минута откако три минути претходно влезе на теренот. Со овој бод после 23 натпреври Бреша има 43 бода додека Палермо еден бод помалку.
https://www.youtube.com/watch?v=Oc7FA7mQTyk
Македонскиот фудбалер со погодокот се пофали на социјалните мрежи.
Неговиот поранешен соиграл Алјаж Струна забележа дека на раката на Македонецот ја нема капитенската лента, па го запраша зошто. На ова прашање Несторовски имаше интересен одговор и неговата ситуација ја спореди со онаа на Мауро Икарди од Интер.
„Во иста ситуација сум како и Икарди, побарав нов договор“, гласеше одговорот на Нестор.
На ова одново се огласи Струна кој иронично му порача ека го избрал вистинското време алудирајќи на финансиската ситуација во Палермо која воопшто не е добро.
За оние кои не знаат каква е ситуацијата во Палермо доволно ќе биде да го причитаат следното.
Претставник на конзорциумот „Глобал Фјучр Спорт (ГФЦ), Клив Ричардсон објави детали од се што се случувало. Како што тој открива за Нестор пристигнала понуда од Мексико од тимот на Клуб Америка.
Ричардсон откри дека бил принуден да работи на трансфер на Несторовски од страна на актуелниот прв човек на Палермо, Емилијано Фасиле.
„Фасиле го водеше клубот и тоа беше јасно, ние не бевме вклучени во никакви операции. Во финишот од преодниот рок на 25-ти јануари бевме контактирани од Домник Вајт и Фасиле. Побараа да се најдеме и да разговараме за ситуацијата со преодниот рок. Три дена подоцна се најдовме во нивната канцеларија. Од нас беше побарано да најдеме клуб за Несторовски и да го продадеме со цел клубот да заработи пари. Тоа не го сметав за паметен потег поради навивачи и веднаш им го кажав. Бев убеден дека ќе има остри реакции. На маса Фоски имаше понуда од Мексико (Клуб Америка). Понудата изнесуваше шест милиони фунти, меѓутоа фудбалерот не сакаше да игра таму. На крајот Фоски сам побара да биде сменет“, откри сега веќе поранешниот прв човек на клубот од „Ренцо Барбера“.