Репрезентативецот на Македонија, Арјан Адеми добива огромни пофалби од хрватските медиуми после завршувањето на европската сезона со Динамо.
Адеми е рекордер по бројот на евронастапите во дресот на „модрите“. Хрватските медиуми го сместија Адеми како трет најдобар фудбалер во изминатата сезона зад Мислав Оршиќ и Доминик Ливаковиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оршиќ е првото има во евросезоната најмногу поради спектакуларниот настап против Тотенхем кога постигна три гола.
„Аријан е срцата и душата на овој Динамо. Лидер и капитен, тимот без него е незамислив. Адеми ги одигра сите 15 натпревари во Европа, а во историската сезона постигна три гола. Со Виљареал играше под инекции и блокади и остави пример за своите играчи, вистинска икона на загребскиот тим“, гласат пофалбите од хрватските медиуми.
Адеми игра на навистина високо ниво по камбекот во 2017 година во дресот на Македонија и во изминатите сезони урна многу рекорди во Динамо.