Икер Касиљас е вистински фудбалски господин го покажал тоа досега многу пати во кариерата, а го покажа и вчера кога неговиот Порто ја елиминираше Рома.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вчера Порто ја елиминираше Рома после продолженија. До победата португалскиот претставник стигна со пеналот во продолженијата, после едно непромислено влечење на Флоренци во својот шеснаесетник.
Да се биде елиминиран на таков начин е навистина болно, тоа го знаеше и Касиљас. Легендарниот голман вчера ја покажа својата големина кога додека сите негови соиграчи го прославуваа големиот триумф, тој го тешеше трагичарот на натпреварот, Флоренци.