Легендарниот шпански голман Икер Касиљас на лето многу веројатно ќе го промени клубот.
Икер (36) веќе три сезони брани во Порто, а на крајот на актуелната сезона неговиот договор истекува. Управата на Порто наводно е спремна да му понуди нов едногодишен договор, со значително помали примања за што тој не е заинтересиран.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите на големо шпекулираат околу неговиот нов клуб, а како што сега стојат работите најизвесно е враќа во Ла Лига. Имено, како што пренесува „А Бола“ за услугите на овој голмена интерес покажува Реал Бетис кој е спремен да го ангажира ова лето.
Освен Бетис, Икер претходно се поврзуваше со трансфер во МЛС, но за сега наводно не добил конкретна понуда од ниту еден американски клуб.
Да потсетиме, Икер не е стандарден на голот на Порто оваа сезона, но застана на голот против Ливерпул и успеа да постави рекорд со 56 натпревари (58 ако се сметаат квалификационите натпревари) без примен погодок во ова натпреварување.