Мауро Икарди има одлична сезона во Галатсарај, но ова лето ќе се врати во ПСЖ.
Јасно е дека за него нема повеќе место во Париз, па Аргентинецот веќе почна да си бара нов клуб, а понуди не недостасуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на 30-годишниот аргентински напаѓач со ПСЖ е до јуни 2024 година, но повеќе нема место за него во тимот на „светците“.
Најсилен интерес за Икарди покажуваат клубовите од Премиер лигата, пред се Фулам, Евертон и Астон Вила.
Споменатите клубови веќе стапиле во контакт со напаѓачот и сакаат да го донесат во своите редови.