Дома Фудбал Икарди: Не сум задоволен!

Икарди: Не сум задоволен!

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди не е задоволен од победата над Сампдорија остварена синоќа на „Џезепе Меаца“ со 3:2.

„Нероаѕурите“ водеа со 3:0, а Икарди постигна два гола, но до крајот примија два гола, а тоа го налути Аргентинецот.

„Не сум задоволен, всушност сум малку изнервиран. Погодивме неколку стативи, а на крајот неколку пасови беа грешни. Треба да се подобиме во тој аспект. Не можеме да дозволиме во вакви натпревари да ризикуваме до самиот крај“, истакна капитенот.

„Сепак задоволни сме од почетокот на сезонта, но патот е долг. Можевме да постигнеме подобар резултат против Наполи бидејќи тоа бие уморени. Денешниот меч требаше да го решиме во првото полувреме, биејќи доминиравме цело време. Не треба да дозволуваме вакви ризици“, додаде Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковач здивна по долгите патувања: Дортмунд дома брка прекин на ремијата

Борусија го пречекува Ајнтрахт по три гостувања во низа. Традицијата е силно на нејзина ст…