Дома Топ вести Икарди кај Нејмар? – Договорот е на „маса“, се чека одговорот на Ванда и Мауро!

Икарди кај Нејмар? – Договорот е на „маса“, се чека одговорот на Ванда и Мауро!

Се појавуваат нови опции за иднината на првата ѕвезда на „нероаѕурите“, Мауро Икарди…

Мауро Икарди е се поблиску до заминување од Интер наредното лето. Неговата сопруга, Ванда која е и негов агент во интервјуто за „Кориере Дело Спорт“ потврди дека воспоставила конткат со два големи клуба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во медиумите се појавуваат информации според кои Икарди се поврзува со Пари Сен Жермен, наводно во Париз токму во него гледаат идеален заменик за Едисон Кавани.

Истиот италијански медиум за кој Ванда го даде интервјуто, најавува дека ПСЖ е спремен да ја плати откупната клазула за Икарди.

Според „Кориере Дело Спорт“, Икарди во Париз го чека договор според кој за пет сезони би заработил огромни 40 милиони евра, сума која во Италија не може ниту да се замисли.

Сепак, се претпоставува дека Икарди прво би го почекал расплетот на ситуацијата со Реал Мадрид кој може да му понуди околу 45 милиони евра нето плата за пет години, плус дел од правата на неговиот имиџ. Но, Икарди за Реал изгледа дека е трет избор, зад Кејн и Левандовски кои се примарна цел на гигантот од Мадрид.

На Интер му е сеедно, се додека некој е спремен да ја плати клазулата од 110 милиони евра. Замената е веќе спремна, талентираниот сонародник на Икарди, Лаутаро Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…