Дома Фудбал Италија Икарди во Лигата на шампионите го „брка“ Адријано, а во Серија А се изедначи со Бобо Виери

Икарди во Лигата на шампионите го „брка“ Адријано, а во Серија А се изедначи со Бобо Виери

icardi

Тимот на Интер во вчерашниот натпревар против СПАЛ славеше победа од 2:1 и така ја продолжи добрата серија.

Победата на „нероаѕурите“ им ја донесе капитенот Мауро Икарди кој беше стрелец на двата погодоци.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овие два погодоци го сместија Икарди рамо до рамо со легендарниот италијански напаѓач, Бобо Виери. Виери своевремено настапи на 143 натпревари во Серија А и успеа да постигне 103 погодоци.

Сега до бројката од 103 погодоци стигна и Икарди, разликата е во тоа што на Аргентинецот му беа потребни 165 натпревари.

Во Лигата на шампионите, Икарди „брка“ достигнување на уште една легенда на Интер, Бразилецот Адријано. Аргентинецот постигнуваше голови на првите два натпревари во Лигата на шампионите, додека Адријано своевремено беше стрелец на првите три.

За такво достигнување на Икарди му е потребен гол против Барселона.

https://www.youtube.com/watch?v=Q4KcuNOspZA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ја казни Барселона за натпреварот со ПСЖ

Екипата на Барселона е казнета поради расистичко однесување и други постапки на своите нав…