Откако целиот натпревар во финалето од ЛШ го пресели на клупата за резерви, Мауро Икарди е спремен да ја промени средината.
Аргентинскиот напаѓач е лут на тренерот Тухел што не му дал шанса на мечот против Баерн, па му порачал на раководството дека ако Германецот остане тој ќе го напушти клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
ПСЖ пред неколку месеци го откупи договорот на Икарди за 50 милиони евра, но нема да му стои на патот, па веќе се насочи кон Луис Суарез.
Икарди сака да се врати во Серија А, а најсериозен интерес за него покажува Јувентус. Пирло денес потврди дека Игуаин заминува, а „бјанконерите“ сметаат дека Икарди е идеална замена.
Рома исто така е во потрага по напаѓач, но тешко дека може да си го дозволи Аргентинецот кој годишно заработува по 10 милиони евра.