Aнглискиот премиерлигаш освен што се бори за опстанок го чека уште една тешка борба кога во прашање се финансиите.
Новиот извршен директор на Вест Бромвич Албион, Марк Џеникс излезе со изјава која ја изненади фудбалската јавност – ВБА нема пари за плати во финишот од сезоната!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој во ВБА се врати во февруари откако претседателот Џон Вилијамс и извршниот директор Мартин Гудмен го испратија на принуден одмор, а во интервју за клупскиот сајт не криеше дека финансиската состојба во клубот е алармантна.
„Ќе бидам искрен, се вратив во клубот и бев шокиран од бројките кои ме дочекаа. Имаме плати и оштетувања за трансфер и позајмици кои ги надминуваат границите на здравиот разум, според позицијата во која се наоѓаме. Кога бев надвор од клубот и читав извештаи за клупското работење добив впечаток дека клубот троши рационално. Знаејќи како јас работев очекував многу подобра состојба на финансиите, меѓутоа во последните денови ми стана јасно дека системот кој јас го направив е уништен и дека немаме плати да ги исплатиме фудбалерите“.
„Навистина е болно да се гледа како клубот кој го изградив со колегите и го направивме стабилен премиерлигаш пропадна за само 12 месеци, колку што бев надвор од него. Но, нема да се откажеме ќе се бориме“, заврши Џенкис.
Неговата изјава е навистина чудна ако се знае дека според финансискиот извештај во јуни 2017 клубскиот профит пораснал за 40 милиони фунти.