Изненадување на повидок! Според информациите кои доаѓаат торински Јувентус договорил уште еден трансфер.
Реномираниот германски медиум „Билд“ објави дека „старата дама“ договорила трансферот на германскиот репрезентативец, Јулијан Брендт!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што тврди „Билд“ офанзивецот на Баер Леверкузен ќе се пресели во редовите на Јувентус за сума од 25 милиони евра.
Брендт важи за еден од најталентираните германски фудбалери. Неколку години наназад прикажува одлични настапи во дресот на „Аптекарите“, а одлично му оди и во актуелната сезона.
Спортскиот директор на Јувентус Фабио Партичи наводно е во напредни преговори за ангажман на Брендт и наскоро се би требало да биде потврдено.
Сумата од 25 милиони евра всушност е клазулата на Брендт која ќе изнесува толку после завршувањето на сезоната.
„Билд“ со ваквите објави ретко кога греши и поради тоа можеме да очекуваме дека овој трансфер наскоро ќе добие и потврда.
La #Juventus è pronta a pagare i 25 milioni di euro della clausola di #Brandt: già avviati i contatti con il padre-agente ⚪️⚫️https://t.co/MF7gKtQDmF
— Goal Italia (@GoalItalia) April 10, 2019
Јувентус со доведувањето на Брендт би добил одличен фудбалер за сума која и не е така голема ако се погледне што се се случува на трансфер пазарот.
Брендт во актуелната сезона зад своето име на 37 натпревари за Баер има учинок од седум погодоци и 14 асистенции. Кај селекторот Јоаким Лев во репрезентацијата на Германија дебитираше во 2016 година и од тој моемнт е стандарден репрезентативец, дресот на Германија го носеше на 24 натпревари и постигна два гола.
https://www.youtube.com/watch?v=O2vHA4aj7bM