Десниот бек на Њукасл и поранешен капитен на тој тим, Киеран Трипие е незадоволен од својот статус во тимот и сака да го напушти клубот пред крајот на преодниот рок, пренесува „Атлетик“.
По две и пол години на „Сент Џејмс Парк“ првата аквизиција на новото раководство на Њукасл, Трипие е блиску до разделба со „страчките“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако беше централна фигура на нивниот голем раст во овој период, моментално не е во прв план на тренерот Еди Хау, кој на отворањето на сезоната се одлучи за Тино Ливраментo на позицијата десен бек, додека капитенската лента беше предаден на Бруно Гимараеш.
Трипиe, кој за еден месец ќе наполни 34 години и има договор за уште две сезони со клубот, би можел да заврши во Еверон кој покажа интерес за него. Менаџерот на тој тим Шон Дајч сака да го доведе, а двајцата заедно соработуваа во Барнли во периодот од 2012 до 2015 година.,