Дома Трансфер зона Изненадување: Пјаниќ се сели во Фиорентина

Изненадување: Пјаниќ се сели во Фиорентина

Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Серија А.

Пјаниќ сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Босанецот прифати 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус сега одбива да го донесе бидејќи не успеа да се ослободи од Рамзи.

Интерес за плејмејкерот покажуваа уште Рома и Наполи, но и тие не се спремни да го донесат поради високата плата.

Последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Фиорентина, која веќе ги започна преговорите.

„Виолетовите“ го сакаат на едногодишна позајмица и да плаќаат 4,5 милиони евра од платата, а останатите 2,5 милиони да ги плаќа Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…