Дома Фудбал Италија Изненадување: Претседателот на Јувентус се појави во седиштето на Милан! ?

Изненадување: Претседателот на Јувентус се појави во седиштето на Милан! ?

Jувентус и Милан за многумина се двата најголеми италијански куба, додека „бјанконерите“ доминираат подолги години, „росонерите“ не се конкурентни како некогаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските новинари утрово успеаа да го забележат моментот кога Андреа Ањели (претседателот на Јувентус) пристигнува во Каса Милан, односно просториите на клубот од Милано.

Посетата не беше најавена, а на снимката може да се види како Ањели става маска и со ранец на грбот влегува во седиштето на „росонерите“.

Првиот човек на Јувентус беше во придружба на уште неколку соработници, а италијанските медиуми веќе шпекулираат за причините за оваа изненадувачка посета. Дали во прашање е некоја формалност или Јувентус и Милан спремаат нешто големо ќе покаже времето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…