Манчестер Јунајтед во актуелниот трансфер период го доведе Алексис Санчез од Арсенал, а Чилеанецот дебитираше синоќа против Јеовил во рамките на ФА Купот.
Сепак, работата на Јунајтед во сегашниот трансфер период се уште не е завршена. Како што пренесува „Rai Sport“, претставниците на играчот за врска на Наполи, Жоргињо се наоѓаат во Манчестер, каде што преговараат со Јунајтед околу трансферот на својот клиент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Жоргињо оваа сезона е стандарден во дресот на Наполи, запиша 18 настапи во Серија А, постигна два гола и запиша три асистенции. Овој 26-годишен фудбалер од стартот на својата кариера е во Италија, започна во Верона, за по четири години да се пресели во Наполи (2014. година).
Вистината на надоместот не е позната, но се шпекулира за сума од 40 милиони евра, останува да видиме дали трансферот ќе успее да се финализира во овие преостанати неколку дена.