Дома Трансфер зона Изненадување на Камп Ноу: Започнаа преговорите со португалскиот напаѓач

Изненадување на Камп Ноу: Започнаа преговорите со португалскиот напаѓач

Екипата на Барселона ќе се обиде во летниот преоден рок да го освежи својот напад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Многу фудбалери се поврзуваат со каталонскиот великан, а пред сите е српскиот напаѓач од редовите на Ајнтрахт, Лука Јовиќ.

Сепак, покрај Јовиќ на Камп Ноу би можел да стигне и португалскиот напаѓач Андре Силва. Овој 23-годишен играч моментално е на позајмица од Милан во Севиља, каде на 36 натпревари постигна 11 погодоци.

Севиља скоро сигурно нема да го откупи за 35 милиони евра, колку што бара Милан, но затоа Барселона е спремна да ја издвои таа сума и преговорите наводно веќе започнале.

Неговото донесување секако ќе биде големо изненадување. Иако Силва и претходно се поврзуваше со Каталонците, неговото доаѓање беше далеку, но сега ситуацијата е различна и многу посериозна.

Сепак, прв избор на Барса се уште е Лука Јовиќ. За него се спрема понуда од 50 милиони евра, а ако не успеат да го донесат, скоро сигурно во дресот на Барса ќе го гледаме Португалецот.

Андре Силва како големо засилување стигна во Милан од Порто во 2017. година. Меѓутоа, во редовите на Росонерите не покажа апсолутно ништо и беше одлучено да го испратат на позајмица.

Откако миланскиот тим се засили во нападот во претходниот преоден рок, Андре Силва е ставен на трансфер листа и сосема сигурно ќе биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…