Изгледа пресуди желбата на поранешниот фудбалер на Реал Мадрид.
Фабио Конетрао е нов играч на Рио Аве! Искусниот португалски бек кој голем дел од својата кариера помина во Реал Мадрид се врати во матичниот клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој трансфер е веројатно најголемото изненадување во последниот ден од преодениот рок.
Коентрао во текот на летото најмногу се поврзуваше со Спортинг Лисабон каде што минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер, но до договор сепак не дојде, па во игра се вклучи Рио Аве кој на крајот и го реализираше трансферот.
Начинот кој португалскиот клуб го доведе се уште не е познат.
Португалецот има 30 години, Рио Аве го напушти во 2007 година кога потпиша за Бенфка каде што експлодираше и четири години подоцна за сума од 30 милиони евра се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.